сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Неколку земји најавија откажување од јагленот на Конференцијата за климата во Глазгов

    Полска, Украина, Виетнам, Чиле се меѓу земјите што преземаа обврска постепено да престанат со користење на ова фосилно гориво

     

    Неколку големи земји што користат јаглен најавија дека постепено ќе се откажат од ова фосилно гориво, на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов.

    Британската Влада соопшти дека „на повидок е крајот на употребата на јаглен“, бидејќи 18 земји за првпат се обврзаа постепено да го укинуваат и да не градат или финансираат изградба на нови електрани на јаглен.

    Меѓу земјите што преземаа таква обврска се Полска, Украина, Виетнам, Чиле…

    Како што се посочува, јагленот има највалкан јаглероден отисок од водечките горива и е значаен извор на гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување. Критичарите, сепак, предупредуваат дека нема причина за голем оптимизам, бидејќи неколку големи светски економии сè уште не одредиле датум за ставање крај на употребата на јаглен, вклучувајќи ги САД, Кина, Индија и Јапонија.

    Ветувањата од другите земји се различни. Некои ветија дека во одреден момент целосно ќе престанат да користат јаглен, други велат дека ќе престанат да градат нови електрани на јаглен, а трети зборуваат за запирање на финансирањето на нови електрани на јаглен во странство.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ