четврток, октомври 10, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕДС доминира на целосно либерализираниот пазар на струја во С. Македонија

    Компанијата ЕДС, како доминантен играч продаде најмногу струја до крајните потрошувачи во 2019, годината во која за прв пат започна да функционира целосно либерализираниот пазар на електрична енергија во Северна Македонија пренесува faktor.mk

    ЕДС продал 1.365.007 мегават/часови, а од слободниот пазар држи 40 отсто, пред ЕВН Трејдинг со 840.000 мегаватчасови и словенечкиот ГЕН-И со 376.000 мегават часови. Другите помали играчи се ЕЛЕМ Трејд со 102 илјади, ЕФТ со 97, швајцарскиот Алпик и Соларпро Холдинг со по 90 илјади, меѓу 22 снабдувачи и трговци.

    Од почетните фази на либерализација па до сега на крајот од 2019 се забележува солидна разлика во цените помеѓу набавената и продадената струја, што значи дека операторите во блиска иднина конечно може да очекуваат вистински добивки, откако во 2017 беа принудени да продаваат по негативни цени, а во 2018 со мала разика во маржата. Набавната цена лани била 3.500 денари по мегаватчас, а продажната во просек по 3.900.  За споредба, во 2018 година трговската маржа изнесувала само 177 денари.

    ЕДС е уште подоминантен и на пазарот кај таканаречените мали потрошувачи, каде снабдувањето е неколкукратно помало. Но и тука ЕДС постигнал завиден резултат од 560.000 мегаватчасови и учество од 65 отсто во продажната структура. Следуваат ЕВН Електроснабдување со 160 илјади и Енерџи Активе со 60 илјади во првите три.

    Во 2019 година сите потрошувачи се стекнаа со правото на избор на снабдувач. Со новата година стартуваше целосната либерализација и секој потрошувач можеше да одбере од која фирма ќе купува струја. Снабдувачите се активни особено кај комерцијалните потрошувачи, бидејќи инаку плаќаат висока цена на регулираниот пазар, додека за домаќинствата не се особено заинтересирани, затоа што нивните трошоци се можеби најниски во Европа.

    Според официјални податоци барем половината од потрошената електрична енергија во Северна Македонија е купена по пазарни цени. Најголемите играчи во бизнисот со трговија и снабдување со електрична енергија се големи регионални играчи присутни и на европските пазари. Од јавно достапните податоци на ЦРМ, „Фактор“ ги има приходите и добивките за 2019 на сите снабдувачи на нерегулираниот пазар..

    НАЈНОВИ ВЕСТИ