четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Конференција за климата во Глазгов: Светските лидери постигнаа договор за намалување на емисиите на метан

    Паралелно, се водат уште потешки преговори за изнаоѓање начини за избегнување на катастрофалното глобално затоплување

     

    Светските лидери собрани  на Конференцијата на ОН за климата во Глазгов постигнаа договори за намалување на емисиите на метан и за запирање на уништувањето на шумите, зголемувајќи ги напорите за борба против климатските промени.

    Паралелно, до крајот на двонеделната конференција, што почна во неделата, се водат уште потешки преговори за изнаоѓање начини за избегнување на катастрофалното глобално затоплување.

    Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ветиле партнерство со ранливите земји во борбата против климатските промени. Тој, исто така, изрази уверување дека неговата домашна климатска агенда ќе биде одобрена од американскиот Конгрес, и покрај тешкотиите со кои се соочува.

    Според Бајден, конференцијата го вратила лидерството на САД за прашање што тој го идентификуваше како егзистенцијална закана за човештвото.

    Најзначајните договори постигнати досега во Глазгов се однесуваат на области во кои, според Бајден, САД имаат намера да дејствуваат решително – намалување на емисиите на метан и заштита на шумите ширум светот.

    Американскиот претседател ги критикуваше претседателите на Кина и Русија за неуспехот да им се придружат на другите лидери на конференцијата. Според него, на овој начин тие се откажале од можноста да имаат глобално влијание, пишуваат американски медиуми.

    Од друга страна, британскиот печат проценува дека повеќе од 400 нееколошки приватни авиони донеле високи функционери и познати личности на конференцијата во Глазгов. Некои од нив потоа се качија во лимузини за да стигнат до местото на конференцијата.Се проценува дека приватните авиони кои пристигнуваат на конференцијата ќе согорат барем 13.000 тони јаглерод диоксид.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ