петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    За два денари поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95

    За два денари од полноќ поскапува Еуросупер БС-95, додека цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Новата цена по која ќе се продава Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, додека за Еуросупер БС-98, цената останува иста – 85,5 денари за литар. Непроменети остануваат и цените на дизелот кој ќе се продава по 76 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство по 75 денари за литар. Цената на мазутот останува 43,797 денари/килограм.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ