Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“, објави на денешната прес конференција генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
„’Топлификација Битола’ е исклучително значаен проект за Битола кој населението нетрпеливо го очекува. Задоволни сме од динамиката со која се реализира проектот и очекувам со назначувањето на Горан Козаров за директор таа дополнително да се зголеми. Придобивките од топловодот за жителите на Битола, Новаци и Могила ќе бидат големи и од економски и од еколошки аспект и очекувам во реализацијата на проектот сериозно да се вклучат и општините, за доброто на граѓаните”, рече Ковачевски.
Горан Козаров е магистер по индустриски менаџмент и поранешен директор на ЈП „Водовод Битола“.