понеделник, мај 6, 2024
spot_img
Повеќе

    Скопје Север, една од скопските топлани, почна да работи на мазут, но емисиите никој не ги мери

    Од пред неколку дена топланата Скопје Север почна да работи и на мазут за нејзино загревање, за домаќинствата кои таа ги снабдува. Официјално, топланата нема пари за природен гас, па сега, и покрај сите предупредувања, ги користи резервите на мазут.

    Топланата Скопје Север има еколошка дозвола да го користи мазутот за загревање, но токму според таа еколошка дозвола топланата ова може да го прави само ако има прецизно мерење на загадувањето на воздухот. Тоа, засега не се прави.

    Од топланата Север признаваат дека не им е познат квалитетот на мазутот и дека мерења на штетните материи кои се испуштаат во воздухот засега не се врши.

    Дека веќе се користи мазут во топланата Скопје Север потврди и директорот на таа топлана, Куштрим Рамадани. Тој во изјава за Телма рече дека топланата го користи од овој енергенс од сопствените резерви, но засега нема податок од кога е мазутот, ниту, пак, за тоа каков е неговиот квалитет.

    „Ние имаме обврска според Законот за енергетика да чуваме залихи на алтернативно гориво. Така што, од тие залихи што ги имаме во Скопје Север, употребуваме мазут како алтернативно гориво. Согласно дозволата што ја имаме, согласно Законот, се известени икстиот ден кога ја почнавме пробата на постројките“, изјави Рамадани.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ