петок, мај 3, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ има гас за загревање уште за денес

    Државната компанија ЕСМ има резерви гас само за уште денес. Од компанијата за „Телма“ изјавија дека нема да има никакви проблеми со греењето, но не известија дали има нова склучена набавка на енергенсот.

    Откако почна грејната сезона, ЕСМ купува гас за кратки периоди од по две недели. Надлежните уверуваа дека ваквиот начин на набавка во моментов е подобар, со оглед на брзите и големи промени во цената на гасот на пазарот.

    Обидот на компанијата да го користи дизелот како примарно гориво пропадна откако нивното барање беше одбиено од Министерството за животна средина. Во образложението се вели дека се додека на пазарот има гас на располагање нема да се овозможи користење на друго гориво, а се нотира и дека топланите немаат соодветни филтри за да се преориентираат на нафта или мазут.

    Жителите пак на Скопје Север веќе неколку дена се без греење. Топланата нема доволно финансии за набавка на гас, а Град Скопје не дозволи да користат мазут. Во меѓувреме поради ладните радијатори голем дел од учениците во основните училишта во општина Чаир не посетуваат настава, а градоначалникот на општината побара координација на сите институции за надминување на кризата.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ