сабота, мај 4, 2024
spot_img
Повеќе

    Топланата „Скопје Север“ доби забрана да работи на мазут

    На топланата „Скопје Север“ вчера и изречена забрана да користи мазут од страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје.

    Информација ја потврди Куштрим Рамадани, директор на топланата „Скопје-Север“, за Телма ТВ и додаде дека процесот продолжува на природен гас.

    „Да, изречена е забрана за работа на мазут. Согласно еколошката Б дозвола со која располагаме должни бевме да го известиме Град Скопје дека преминуваме и на секундарно гориво – мазут што и сторивме. Не знам што е спорно. Производствениот процес продолжува исклучиво на гас. Количините се обезбедни до крајот на годинава, но ни фалат финансиски средства кои треба да ги одобри Владата за да се надмине разликата во признатиот и реалниот трошок за цената на гасот“, изјави Куштрим Рамадани, директор на топланата „Скопје-Север“.

    Министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи да се запазат процедурите во државава.

    -За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, рече Бекшети, на новинарско прашање.

    Како што соопшти Бектеши, на Скопје Север им се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ