четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Вработените во ЕДС реализираа акција за чистење на Паркот на Франкофонијата во рамки на одбележување на јубилејот

    Како дел од активностите со кои што  Energy Delivery Solutions (ЕДС) го одбележува својот јубилеј 10 години успешна работа на македонскиот пазар, вработените во компанија денеска реализираа еколошка акција во Паркот на Франкофонијата во Скопје.

    „ЕДС како општествено одговорна компанија во рамки на активностите за одбележувањето 10 години успешна работа на македонскиот пазар за трговија со електрични енергија одлучи да спроведе акција со која што ќе придонесе за општото добро и да даде свој скромен придонес кон подобрување на условите за живот и работа на граѓаните. По тој повод, компанијата одлучи да спроведе акција за чистење на локација во градот поточно во општина Центар, каде што како компанија, ЕДС е лоцирана со свои канцеларии во изминативе 10 години“, изјави по повод акцијата, главниот извршен директор на ЕДС, Јанис Јанопулос.

    Акцијата во Паркот на Франкофонијата беше спроведена заеднички и со поддршка на комуналната служба на општина Центар.

    ЕДС е водечка компанија за пазарот со трговија со електрична енергија за квалификувани потрошувачи. Од 2018 година е дел од грчката национална енергетска компанија PPC SA, која што пак важи за најголема енергетска компанија во југоисточна Европа.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ