сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Гутереш за ризиците од емисиите на штетни гасови: Светот е на катастрофален пат

    Доколку нема итни, брзи и големи намалувања на емисиите на стакленички гасови, нема да можеме да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, оценува генералниот секретар на ОН

     

    Светот е на пат кон катастрофа, доколку владите не се обврзат на поамбициозни намалувања на емисиите на штетни гасови, со цел да се запре глобалното затоплување и неговите последици, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.  

    „Светот е на катастрофален пат,  до загревање до 2,7 Целзиусови степени. Доколку нема итни, брзи и големи намалувања на емисиите на стакленички гасови, нема да можеме да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени “, оценува генералниот секретар на ОН.

    Тој додаде дека е неопходно емисиите да се намалат за 45 отсто до 2030 година, со цел да се постигне неутралност на јаглерод до средината на векот.

    Новиот извештај на ОН, што содржи преглед на сите национални обврски поднесени од потписниците на Париската климатска спогодба до 30 јули, наведува дека тие ќе доведат до зголемување на емисиите на штетни гасови за речиси 16 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 2010 година

    Парискиот климатски договор ја постави целта глобалното затоплување да се одржува под два Целзиусови степени до крајот на векот и идеално на максимални 1,5 степени, додека експертите велат дека планетата веќе се загревала за 1,1 степени Целзиусови уште од прединдустриското време.

    Околу 113 земји, вклучувајќи ги САД и Европската унија, до крајот на јули поднесоа ревизија на Националниот определен придонес (НДЦ) во рамки на Парискиот договор за климата

    НАЈНОВИ ВЕСТИ