И македонскиот премиер Димитар Ковачевски се очекува да биде меѓу присутните на утрешната посета на терминалот за течен природен гас
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, заедно со други лидери од Балканот, утре ќе го посетат терминалот за течен природен гас во Александруполи. Меѓу присутните се очекува да биде и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Како што јави МИА, грчкиот премиер, за време на владината седница во петокот, ја најави посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал кој, како што рече, ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција туку и за регионот.
„Во вторник, заедно со други лидери од Балканот, ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци, ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански полуостров, рече Мицотакис.
Северна Македонија и официјално стана дел од проектот Александруполи