сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција

    Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    -Утре се објавува тендерот за почнување на изградба на новиот  гасен интерконектор со Република Грција што ќе ни даде одлична можност како држава постепено да направиме енергетска транзиција, особено во делот на работата на РЕК Битола и РЕЦ Осломеј. Гасот ќе се користи како транзициски енергенс до 2040 година и ќе биде последниот проект од фосилни горива што го инвестираат ЕБОР и ЕИБ, рече Бектеши на денешниот брифинг за новинари во пресрет на СОР28.

    Дополнително, додаде, во спецификацијата од  страна на „Номагас“ е предвидено во иднина откако ќе се развие технологијата во нашата држава двете термоелектрани да се пренаменат на водород.

    Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Гасниот интерконектор треба да биде завршен до средината на 2025 година.

    Грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Северна Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ