петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Скоро 40% од потребите за електрична енергија се покриени од увоз

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2020 година, вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесува 622 618 МWh. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61.55 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

    Ова во последно време е најголем процент на покриеност на потрошувачката со увоз на електрична енергија со оглед на тоа што покриеноста на потрошувачката со производството на енергија од домашни извори во септември беше 85,3%, во август дури 94,7% а во јули 92,4% од вкупните потреби за електрична енергија на пазарот во државава.

    Најголем пад има кај производството на електрина енергија од хидроцентралите поради неповолната хидролошка состојба на реките и езерата од 15,6% од 69 879 MWh на 59 007 MWh, додека раст има кај производството на струја од ветерните централи од големи 57,1%, од 5 140 MWh на 8 074 MWh.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ