четврток, мај 2, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕУ постигна компромис за намалување на потрошувачката на гас

    Земјите-членки на ЕУ договорија итен план за гас што има за цел да го ублажи влијанието од потенцијален целосен прекин на испораките на руски гас.

    Министрите за енергетика на ЕУ го одобрија предлогот сите членки доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто од следниот месец до крајот на март.

    Тоа намалување може да стане задолжително во итен случај, но министрите се согласија да изземат голем број земји и индустрии, по отпорот на некои влади на првичниот предлог на Брисел да се наметне обврзувачко намалување од 15 отсто за секоја земја-членка.

    ЕУ ги повика членките да го зачуваат гасот и да го складираат за зима за да се компензира за потенцијалното целосно исклучување на рускиот гас како одмазда за санкциите на Западот поради војната на Москва со Украина.

    На 25 јули Газпром објави дека протокот на гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1 ќе се намали на 33 милиони кубни метри дневно од 26 јули.

    Тоа е половина од сегашните протоци кои веќе се намалени на 40 отсто од нормалниот капацитет.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ