вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Украина затвора клучна точка за транзит на руски гас

    Сохранивка е една од двете клучни точки за снабдување со руски гас во Европа

     

    Украинскиот систем за пренос на гас ГТСОУ соопшти дека „поради виша сила“ од утре ќе го прекине преносот на руски гас преку влезната точка Сохранивка.

    Сохранивка е една од двете клучни точки за снабдување со руски гас во Европа.

    И покрај руската инвазија која почна на 24 февруари, Украина останува важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.

    ГТСОУ објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“.

    Од почетокот на инвазијата, компресорската станица Новопсков во областа Луганск, источна Украина, е под контрола на Русија.

    Тоа е првата компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно или една третина од рускиот гас што се транспортира во Европа преку Украина.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ