недела, април 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата го одобри Договорот меѓу „НЕР” и „ДЕСФА” за изградба на гасоводот со Грција

    Ова е последниот чекор за стартување на работите интерконекторот за гасоводно поврзување меѓу двете земји

     

    Владата на Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за Договорот за соработка меѓу „НЕР“ АД – Скопје и „ДЕСФА“ С.А. за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод со Грција.

    Договорот содржи и предлог-одлука за гарантирање на реализацијата на овој проект, кој треба да овозможи гасоводно поврзуваање меѓу двете земји.

    По меморандумот за соработка на ниво на министерства, овој Договор е последниот чекор за стартување на работите интерконекторот за гасоводно поврзување меѓу двете земји, што треба да го спроведат двете компании кои имаат непосредна надлежност над овој проект.

    Во почетокот на јули, во Атина, беше потпишан Договор меѓу владите на Северна Македонија и на Грција за изградба на интерконекторот за природен гас. Договорот го потпишаа македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши, и грчкиот министер за животна средина и енергија, Костас Скрекас.

    Во таа прилика, беше посочено дека станува збор за проект вреден околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра се во Северна Македонија. Исто така, беше нагласено дека со интерконекторот за природен гас се отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија,Косово и за целиот регион на Западен Балкан и дека со реализацијата на проектот ќе се овозможи диверзификација на природниот гас.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ