петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Две компании од Турција се во игра за изградба на дистрибутивниот систем за гас во земјава

     

    Станува збор за компаниите, „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“, до кои Владата ќе испрати покана за учество во тендерската постапка

     

    Две турски компании во конкуренција за јавно приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас во земјава.

    Станува збор за компаниите, „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“, до кои Владата ќе испрати покана за учество во тендерската постапка.

    Владата, на денешната седница, како што соопштија оттаму, ги разгледа и усвои информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија.

    „Врз основа на извештајот, Владата донесе одлука за избор на кандидатите ‘Акса Догалгас Дагити А.С.’ од Турција и ‘Палмет Енерџи Аноним Ширкети’ исто така од Турција. До овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, односно за учество во тендерската постапка до конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија, соопшти владината прес-служба

    НАЈНОВИ ВЕСТИ