петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Претседателот Пендаровски се сретна со в.д. директорот на Агенцијата за енергетика, Николовски

    Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими в.д. директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Дарио Николовски.

    На средбата директорот Николовски го информираше Пендаровски за тековните активности и работата на агенцијата, во однос на реализацијата на стратешките планови, како и за развој на потенцијалите за користење на обновливи извори на енергија, а во функција на заштита на животната средина, соопшти Кабинетот на претседателот.

    На средбата се разговараше за можностите за организирање на обуки и едукација на младите за теми поврзани со енергетската ефикасност и значењето на заштитата на животната средина, во МладиХаб – Канцеларијата на претседателот, стои во соопштението.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ