петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ: Не поскапуваат само бензините…

    Според потпретседателот на опозициската партија, Владата фиктивно ја зголемува просечната плата, додека растат цените и на основни трошоци за живот

     

    Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека повисоката цена на бензините не е единственото поскапување во земјава.

    „Не поскапуваат само бензините, туку поскапуваат основните трошоци за живот. Додека власта сака да покаже дека се е розово, реалноста е дека граѓаните имаат се помалку пари да ги набават основните продукти чии цени растат од ден на ден. “, изјави Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

    РКЕ: ОБВРЗАНИ СМЕ ДА ЈА УСОГЛАСИМЕ ОДЛУКАТА СО ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ИЗГЛАСАНИ ВО СОБРАНИЕТО

    Според него, Владата фиктивно ја покачува просечната плата, додека цените растат.

    „Не се само бензините. Поскапуваат основните продукти, поскапува зејтинот, поскапуваат сите намирници за нормален живот. Дали треба да има одговорност во оваа влада? Апсолутно дека треба да има одговорност. Тие фиктивно ја покачуваат просечната плата, а цените, во кој било маркет, постојано растат“, вели Мисајловски.

    ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ГОРИВА ПОРАСНАЛЕ ЗА НАД 7 ПРОЦЕНТИ МИНАТИОТ МЕСЕЦ

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ