петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Трошоците на граѓаните за горива пораснале за над 7 проценти минатиот месец

    Според податоците од Државниот завод за статистика, горивата се меѓу ставките кај кои има најголем пораст на трошоците во период од еден месец

     

    За над седум проценти пораснале  во март трошоците на граѓаните за горива, во споредба со претходниот месец.

    Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика за трошоците на живот и за цените на мало минатиот месец, горивата се меѓу ставките кај кои има најголем пораст на трошоците во период од еден месец.

    ПО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИ, ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ ВТОР ПАТ НЕДЕЛАВА

    Во март, меѓу другото, пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран  кај: Течните горива за домаќинствата за 7,4 отсто; горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5,8 отсто; гасот за домаќинствата за 2,3 отсто…

    Генерално, трошоците на животот во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто,  како што објави денеска Државниот завод за статистика.

    РКЕ: ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГАС ВО ДРЖАВАТА ЛАНИ БИЛА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 12,5 ОТСТО

    НАЈНОВИ ВЕСТИ