понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Кои домаќинства може да добијат субвенции за енергетска ефикасност

    Програмата на Владата за оваа година предвидува седум мерки за кои се одвоени 52 милиони денари 

     

    Владата, на денешната седница, ја усвои Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година.

    Предвидено е средствата од дел 1 на оваа програма, во вкупен износ од 52 милиони денари, да се користат за следните мерки:

    1. Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6 000 000 денари;
    2. Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2 000 000 денари за лица со ниски примања;
    3. Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19 000000 денари;
    4. Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3 000 000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
    5. Надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11 000 000 денари;
    6. Надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3 000 000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
    7. Надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62 000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8 000 000 денари.

    Корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се:

    а) Лицата со ниски примања кои се вработени или е вработен едниот брачен другар, а нивните месечни примања во семејството не надминуваат нето приход од 30 000 денари;
    б) Лицата со ниски примања кои се пензионери или едниот брачен другар е пензионер и нивните месечни примања во семејството не надминуваат нето приход од 20 000 денари;
    в) Ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.

    Надоместокот на дел од средствата од дел 2 од оваа програма, како што информираа од Владата, ќе го остварат лица кои досега не користеле средства од буџетот за вакви мерки.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ