петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Инвеститорите во производство на струја од фотоволтаици изненадени се од наглото поскапување на панелите

    Инвеститорите во производство на струја од сонцето се вознемирени и изненадени од значителното зголемување на цените на соларните панели во последните неколку месеци. Ова го поништива широко распространетиот став дека цената на оваа технологија само ќе паѓа со текот на времето.

    Според истражување направено од Energypress, цените на сончевите панели од почетокот на јули до денес се зголемија помеѓу 10 и 25 проценти, во зависност од моделот и производителот,

    Покрај зголемувањето на цените има и недостиг на соларни системи, што бара инвеститорите да чекаат за испораки.

    Одложувањата во испораките и зголемувањето на цените се од низа фактори како наглото зголемување на глобалната побарувачка за нив, техничките проблеми како и падот на курсот на американскиот долар.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ