сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Кои се десетте меѓународни компании што влегоа во „трка“ за „Чебрен“

    За учество во проектот, во првата фаза, се пријавиле компании од Турција, Кина, Грција, Франција, Шпанија, Италија…
    Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднеле понуди во фазата за претквалификација за проектот „Чебрен“, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, соопштија од Владата
    Комисија,  формирана од Владата, во наредниот период ќе изврши евалуација  дали  пристигнатите апликации  ги исполнуваат условите од тендерската документација. Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Северна Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект.
    Комисија надлежна за тендерот за Чебрен денеска ги отвори пристигнатите понуди за квалификација и утврди дека се пријавени 10 компании:
    1. CONSORTIUM  ЕNКА – COLIN – ТУРЦИЈА
    2. CONSORTIUM PPC – ARCHIRODON -ГРЦИЈА
    3. EDF – ФРАНЦИЈА
    4. CONSORTIUM COBRA – COBRA HIDRAULIKA – ШПАНИЈА
    5. CONSORTIUM EVN – VERBUND – АВСТРИЈА
    6. WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – ИТАЛИЈА
    7. GEZHOUBA GROUP CHINA – КИНА
    8. POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – КИНА
    9. CONZORTIUM OZALTIN – YAPI MERKEZI – ТУРЦИЈА
    10. CONSORCIUM EIFFAGE-WATERLU-ANDRITZ-NORCONSULT – ФРАНЦИЈА, АВСТРИЈА
    Владата на Северна Македонија, преку АД ЕСМ, ќе ангажира трансакциски советник кој треба да ја изработи тендерската документација за втората фаза, со цел успешна реализација на проектот.
    ХЕ Чебрен се планира да се оствари по принципот јавно-приватно партнерство, така што ЕСМ ќе биде јавниот партнер во овој проект, чија инвестициска вредност ќе изнесува минимум 500  милиони евра.
    Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333-458 MW, за годишно производство од 1000-1200 GWh електрична енергија (ЕСМ сега вкупно годишно произведува околу 4000 GWh) и со  годишна заштеда од 913 000 тони на CО2.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ