вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    „Газпром“ го удвои извозот

    Вредноста на извезениот гас до крајот на ноември е 39,6 милјарди долари, што е двојно повеќе во однос на истиот период минатата година

     

    Вредноста на гасот што „Газпром“ го извезол од Русија од почетокот на годината до крајот на ноември е 39,6 милјарди долари, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на руската федерална царинска служба.

    Истовремено, физичкиот обем на извозот на гас на рускиот државен концерн е зголемен за 5,7 отсто, на 171,5 милјарди кубни метри.

    „Газпром“ во октомври го намали извозот за 9,3 отсто во однос на август – на 13,9 милијарди кубни метри, но во однос на вредноста извозот е зголемен за 30,8 отсто – на 6,17 милјарди долари.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ