сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Потребна е регионална енергетска стратегија, вели Нуредини за „Та неа“

    Министерот за животна средина, во интервјуто за грчкиот весник, ја истакнува потребата за енергетска независност на Европа од Русија, посочувајќи дека „војната во Украина нѐ научи дека не можеме да се потпреме на еден извор на енергија”

     

    Сите ние сме меѓусебно поврзани, нашите економии се меѓусебно поврзани и треба да имаме регионална енергетска стратегија, не само во однос на климата, туку и за енергетската безбедност. Ова го истакнува министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во интервју за грчкиот весник „Та неа”, за време на неговото учество на седмиот Делфи економски форум во Грција, пренесе денеска МИА.

    Во интервјуто, Нуредини се осврнува на потребата од регионална енергетска политика и стратегија, како и за важноста на интерконекторот Македонија – Грција.

    Тој ја истакнува потребата за енергетска независност на Европа од Русија, посочувајќи дека „војната во Украина нѐ научи дека не можеме да се потпреме на еден извор на енергија”.

    Потенцира дека е „особено важна” инвестицијата на Грција и Македонија во интерконекторот за природен гас, што во иднина ќе може да се користи за транспорт и на водород, а конкретниот проект е поврзан со терминалот за течен природен гас (LNG) во Александруполи.

    Дополнително, истакнува дека високо на агендата на Владата се и обновливите извори на енергија, споменувајќи ја европската цел за енергетска неутралност до 2050 година и нагласувајќи ја потребата „за инвестиции насочени кон диверзификација на нашите извори во чисти извори на енергија.

    За важноста на соработката со Грција вели дека е императив и двете земји може и треба да работат заедно, бидејќи Грција е многу важен партнер кога се работи за енергетска безбедност.

    Ковачевски: Енергетската транзиција и гасното поврзување со Грција ќе ни обезбеди енергетска независност

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ