петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Со цените на енергенсите ќе расте и инфлацијата

    Гувернерката Бежоска најавува умерена нагорна корекција на проектираната инфлација од 2,2 проценти, со оглед на движењето на цените на храната и на енергијата

     

    Ќе зголемува инфлацијата во земјава, најавуваат од централната банка, поради  растот на цените на енергенсите на светските берзи и  поскапувањето на електричната енергија.

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, најавува умерена нагорна корекција на проектираната инфлација од 2,2 проценти, со оглед на движењето на цените на храната и на енергенсите.

    Чешка времено го укинува ДДВ за струја и за гас

     

    „Со априлскиот циклус проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но со оглед на најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација“, изјави Ангеловска-Бежоска.

    Инфлацијата, како што додаде, засега се очекува да остане во умерени рамки, како што предвидува и Меѓународниот монетарен фонд.

    Цените на енергијата ќе почнат да паѓаат од почетокот на 2022 година, според проценки на ММФ

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ