Помош за граѓаните во плаќањето повисоки сметки за струја и гас најавија и други земји од ЕУ, како Франција, Италија, Шпанија, Грција и Полска
Чешката Влада привремено го укина данокот на додадена вредност за електрична енергија и гас поради големиот пораст на цените на енергијата.
Чешкото Министерство за финансии објави дека ДДВ, кој изнесува 21 отсто, нема да се наплатува во ноември и во декември.
Одлуката мора да биде одобрена од Европската комисија.
Се очекува тоа да чини околу 78,5 милиони евра месечно.
Ова значи дека домаќинствата што плаќаат 1 000 круни месечно (околу 40 евра) за електрична енергија ќе заштедат околу 350 круни во последните два месеци од годината.
Владата планира следната година да направи законски измени за трајно исклучување од ДДВ на снабдувањето со електрична енергија и гас.
Владата ќе им надомести на производителите на обновлива енергија за намалениот приход со уплата од 3,25 милијарди евра.
Помош за граѓаните во плаќањето повисоки сметки за струја и гас најавија и Франција, Италија, Шпанија, Грција и Полска.
Цените на електричната енергија нагло пораснаа оваа година, по зголемувањето на цените на бензинот поради ниските залихи и наглото закрепнување на побарувачката во економијата која се опоравува од пандемиската криза.