сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Грција и Србија ја канат С Македонија на состанок на Крф за енергетското поврзување

    За престојната трилатерална средба, посветена на енергетиката, денеска во Белград разговарале шефовите на дипломатиите на Србија и на Грција

     

    По изградбата на гасоводот Турски тек,  Србија е заинтересирана и за диверзификација на изворите и на правците. Важна е изградбата на интерконекторот кон Бугарија, кој ќе овозможи поврзување на Србија со гас со грчкото пристаниште Александрополис  изјави денеска шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, по  разговорите во Белград со грчкиот колега Никос Дендиас.

    Договорена е и трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Северна Македонија за енергетското поврзување.

    „И јас ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Дендиас за потребата за организирање трилатерална средба меѓу Србија, Грција и Севрна Македонија“, изјави Селаковиќ, на прес конференција, додавајќи дека на оваа средба на Крф треба да бидат не само шефовите на дипломатијата, туку и министрите за сообраќај, инфраструктура, енергетика.

    Тој рече дека за ова разговарал и со македонскиот министер Бујар Османи, со кого се  се согласиле да ја подржат оваа иницијатива и да учествуваат во таков формат.

    Понудата за одржување на трилатерална средба  ја најави и грчкиот министер Дендиас.

    „Што се однесува до енергетиката, разговаравме како да ја засилиме поврзаноста на земјите во регионот и понудив, и благодарам што е прифатено, да се одржи трилатерален состанок меѓу Грција, Србија и Северна Македонија, можеме тоа да го оствариме на Крф, за да разговараме за поврзаноста на регионот“, изјави Дендиас.

    На средбата е разговарано е и за важноста на инфраструктурни проекти и сообраќајната поврзаност.

    „Планираме да изградиме брза пруга до Ниш, а пoтоа сме заинтересирани да ја изградиме јужната гранка на таа пруга, што ќе минува низ Северна Македонија до Грција, поточно до Солун. Ова се стратешки важни проекти за целиот регион“, рече Селаковиќ.

     

     

    ,

    НАЈНОВИ ВЕСТИ