недела, мај 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар ќе биде готов годинава

    Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, а досега се изградени околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина

    Завршување на  изградбата на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола оваа година, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,  со што, како што се посочува, ќе се поврземе на преносниот систем на гас.

    Бочварски, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово Гостивар, при што најавија и  нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија.

    Оваа делница, како што се посочува, е инвестиција од 29 милиони евра,  а досега се изградени околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина.

    „Ги користиме сите технички и човечки ресурси за да може што поскоро да ги завршиме започнатите магистрални делници, а воедно да почнеме и нови проекти за гасификација на цела територија на државата. Значењето на гасот е силно потенцирано и од граѓаните и од бизнис секторот. Ние цврсто стоиме на нашите определби гасот да го доведеме до сите корисниици. Очекувам оваа делница да биде завршена годинава,  имаме чист терен за работа а изградбата се одвива со добра динамика. Исто така и магистралниот гасовод од Неготино до Битола е во завршна фаза и тој ќе биде оперативн оваа година. Во однос на новите проекти, за оваа година планираме да отпочнеме постaпки за изгрaдба на делницата од Неготино до Гевгелија и да се поврземе со конкеторот со Грција, а веќе слeдната да отпочнеме со два нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево”, изјави  Бочварски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ