петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    За три месеци субвенциите за струја за производителите на храна изнесувале 1,5 милиони евра

    Субвенциите за струја за производителите на прехранбени производи воизминатите три месеци изнесувале 1,5 милиони евра, соопшти денес министерот за економија Крешник Бектеши.

    Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за лимитирање на цените на 11 прехранбени производи, Бектеши посочи дека во текот на оваа недела директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, ќе зборува на тема како е менаџирана целата криза и ќе ги објасни трошоците кои што се направени од државниот буџет за таа намена, односно трошоците кои што се направени како мерки кои што се донесени од страна на Владата, а кои што биле реализирани преку ЕСМ.

    „Согласно првичните податоци, како разлика од производствената цена или цената која била на берзите и тоа што беше понудено на компаниите, просечно е потрошено околу 500 илјади евра месечно. Мерката траела три месеци, значи околу 1,5 милиони евра се трошоците за субвенционирање на струјата за компаниите кои произведуваат храна во нашата држава. Дополнително е субвенционирањето на електричната енергија за комуналните претпријатија, за водостопанството, за основните и средните училишта“, рече Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ