петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Висок напон што стигнал до трансформаторот – причина за поожарот во РЕК

    Од ЕСМ најавуваат формирање тим од експерти од енергетските компании кои во иднина ќе ги дефинираат чекорите за превенирање слични појави

     

    Висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, според првичните наоди, е причина за пожарот што се случи минатиот петок во РЕК „Битола“, соопшти ЕСМ.

    „Стручни лица од РЕК ‘Битола’, со поддршка на колеги од МЕПСО и од ‘ЕВН Македонија’, како и експерти од техничките факултети во Битола и во Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на блок 3, кој беше оштетен во пожарот минатиот петок. Првичните, неофицијални наоди, говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем“, се наведува во денешното соопштение.

    Генералниот директор и директорот на производство во АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Благојче Трповски, најавија формирање експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување слични појави во иднина.

    Од ЕСМ додаваат и дека во РЕК „Битола“ продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на блок 2 кој в недела треба да биде ставен во функција.

    РЕК Битола повторно произведува струја

    НАЈНОВИ ВЕСТИ