петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    РЕК Битола повторно произведува струја

    РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, информираат од РЕК Битола.

    Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт.

    -Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде “на мрежа”, се наведува во соопштението.

    По петочниот пожар, третиот блокј ќе биде вон уптреба најмалку еден месец.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ