петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Стопанска комора: Сумата од 5.000 евра не е доволна за некој да тргува со струја

    Стопанската комора на Северна Македонија бара одговорност од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) заради издавањето на лиценци за трговија со електрична енергија на фирмите со само 5.000 евра гаранција и дозволувањето трговците со струја да немаат никаква одговорност ако ги прекинат договорите за снабдување што ги имаат потпишано со компаниите.

    Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е дециден дека одговорност мора да има, бидејќи компаниите мораа да се снаоѓаат на отворениот пазар и да плаќаат енормно високи цени за мегаватчас. Претходно во извештајот на државната ревизија, беше констатирано дека сумата од 5.000 евра, не е доволна за некој да добие лиценца и да може да тргува со електрична енергија.

    Присутните стопанственици укажаа дека РКЕ треба да ја намали и маржата што се наплаќа за пренос на електрична енергија, бидејќи таа е пресметана во моментот кога цената на струјата беше од 400 до 500 евра за мегават час и не соодветствува на сегашните стабилизирани цени на берзата кои се движат од 120 до 150 евра за мегават час.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ