сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Советот за безбедностна на чиј дневен ред беше енергетската криза во Северна Македонија

    Вчера во Кабинетот на претседателот Пендаровски се одржа 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

    На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесимиминистерот за економија, Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и советникот на премиерот за енергетика, Виктор Андонов.

    По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски изјави дека Советот за безбедност го свикува затоа што смета дека е важно да се слушнат сите надлежни на тема која овој период е далеку најважна и ги засега буквално сите и дека нѐ очекува тешка зима. Претседателот истакна дека нарушената безбедност на европскиот континент поради војната во Украина предизвика тектонски промени и неколку кризи кои се чувствуваат во повеќе сектори.

    Претседателот Пендаровски рече дека на седницата на Советотпретставниците на Владата и надлежните институции информирале за анализите и проекциите на Владата за претстојната сезона есен/зима, чекорите кои досега се преземени за справување со ескалираната цена на струјата на светските пазари, зајакнување на домашните капацитети за производство, како и мерките кои ќе се преземат за поддршка на домаќинствата и на бизнис секторот во наредниот период.

    С Македонија ќе потроши 300 милиони евра за да се справи со енергетската криза

    На С Македонија ќе ѝ бидат потребни околу 300 милиони евра да ја ублажи енергетската криза во наредните два квартали, односно од октомври годинава до крајот на април идната година. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски по состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, на кој беше претставен план за справување со енергетската криза.

    „Калкулациите се направени во Министерството за финансии, сигурно е дека ќе бидат потребни финансиски средства до 300 милиони евра во текот на наредните два квартали со цел да обезбедиме електрична енергија по субвенционирани цени за граѓаните и за малите потрошувачи. Разговараме и со Бугарија за да обезбедиме базна енергија која што доминантно ќе биде за стопанството“, рече Ковачевски одговарајќи по состанокот на прашања на новинарите.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ