сабота, јули 31, 2021
spot_img
Повеќе

    С Македонија до 2030 год. ќе го напушти производството на електрична енергија од јаглен

    ЕСМ информира дека земјава стана членка на ППЦА алијансата, за време на Лондонската недела за климатски акции, односно дека влезе во клубот на европски земји кои ќе го напуштат производството од јаглен

     

    С Македонија стана член на ППЦА алијансата (Powering Past Coal Alliance), за време на Лондонската недела за климатски акции, и заедно со Шпанија се обврзаа да го напуштат производството на електрична енергија од јаглен до 2030 година, информираа од АД ЕСМ.

    „Одлуката Северна Македонија да се придружи на клубот европски земји кои ќе го напуштат производството од јаглен до 2030 година го подвлекува фактот дека Парискиот договор за климатски промени стана норма за европските земји, изјави Махи Сидериду, извршен директор на „Европа без јаглен”.

    Тој додаде дека влезот во оваа група е особено значаен бидејќи се работи за првата земја од Западен Балкан што се обврзува на напуштање на јагленот.

    Од АД ЕСМ велат дека енергетската транзиција на земјата е еден од нивните приоритети, како и на Владата и додаваат дека Енергетскиот стратешки план е една од точките на Акција 21 и на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година.

    „Минатиот месец, АД ЕСМ потпиша договори за јавно – приватно партнерство за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати во вредност од 70 милиони евра, што претставува една од најголемите инвестиции во енергетиката, поточно во обновливите извори за производство на електрична енергија. Паралелно, во различна фаза на реализација е изградбата на уште две фотонапонски централи од 20 мегавати, со што во Осломеј целосно се супституира производството од струја од јаглен. Тоа е прв пример во Југоисточна Европа, за што Европската енергетска заедница испрати и писмо за поддршка“, велат од компанијата.

    Што се однесува до ветерниот парк во Богданци,  во тек е проектот за зголемување на неговиот производствен капацитет на 50 мегавати, а парк на ветерници ќе се гради и кај Миравци.

    Од АД ЕСМ посочуваат дека, според сите релевантни меѓународни организации, сме на врвот на листата земји од регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само минатата година, прецизираат, производството на енергија од обновливи извори во државата е зголемено на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја