петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    И енергетските компании ги почувствуваа последиците од пандемијата

    РКЕ нотирала загуби во шестмесечните извештаи за работењето на компаниите во делот на електричната енергија

    Енергетските компании во делот на електричната енергија бележат загуби според шестмесечните извештаи од нивното работење.

    Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека на одржаниот координативен состанок меѓу другото дискутирале и за финансиската состојба и додаваат дека од последните доставени шестмесечни извештаи се регистрираат негативни резултатите од работењето, иако, како што велат, компаниите со максимални напори настојуваат тие загуби да бидат колку е можно помали.

    -Факт е дека последиците од пандемијата се рефлектираат и во економските биланси. За санирање и амортизација на последиците, во однос на антикризни мерки ве упатуваме кон креаторот Владата. Остануваме отворени за соработка во рамки на нашите надлежности и во моментот кога и доколку стигнат анализи, повторно од страна на РКЕ, ќе биде разгледано ова прашање и ќе се донесе соодветна одлука – велат од Комисијата.

    Генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева изјави деновиве дека не верува дека одобреното зголемување на цената на струјата од 11 отсто во делот за пренос на енергијата ќе предизвика намалување на потрошувачката на електрична енергија.

    Таа порачува дека не можат да побараат намалување на цената заради инвестициските проекти за подобрување на преносната мрежа кои се во тек.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ