сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ ги отфрла обвинувањата од Мицкоски за цената на дизелот

    Од Регулаторната комисија за енергетика посочуваат дека цената на нафтените деривати се формира согласно методологија што се базира на берзански цени и во нив се вкалкулира и акцизата која е утврдена со закон

     

    Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги ги отфрли обвинувањата од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на формирање на цената на нафтените деривати, оценувајќи дека станува збор за „манипулативни изјави.

    Во демантот се посочува дека РКЕ работи согласно законите. Цената на нафтените деривати, како што се наведува, се формира согласно методологија што се базира на берзански цени и во нив се вкалкулира и акцизата која е утврдена со законот што го носат пратениците во Собранието.

    „Апелираме почитуваниот Мицкоски да се воздржи од етикетирање на работата на РКЕ, институција која трета година по ред, поради професионалноста и стручноста, е препознаена од Енергетска заедница за број еден регулатор во регионот. Не сакаме да веруваме дека доктор на науки нема познавање од тоа како се формира цената и веруваме дека истите изјави само служат за дневно-политички цели“, се наведува во демантот на РКЕ.

    Мицкоски денеска ја обвини власта за „брутална пљачка на народот“, поради последната одлука на РКЕ за зголемување на цените на нафтата и на бензините.

    „Ако се споредат одлуката на РКЕ од 3 август и одлуката од 26 јули, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар. На тоа се додава и 18 проценти данок на додадена вредност. Граѓаните и стопанството поради овој криминален потег на РКЕ, по налог на коалицијата СДСМ/ДУИ, ќе плаќаат поскапо дизел гориво. Шверцерска одлука со која се пљачкаат граѓаните и стопанството. Зошто ова се прави сега? Едноставно е – немаат пари за институционален поткуп, ги потрошија за скапи проекти со големи провизии“,напиша Мицкоски на Фејсбук.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ