четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Мицкоски за поскапувањето на горивата: Акцизата на дизелот е зголемена од од 15,5 на 17,5 денари за литар

    Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ако се споредат одлуките на РКЕ од 3 август и од 26 јули, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена за два денари литар, на што се додава и 18 проценти ДДВ

     

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвинува власта за „брутална пљачка на народот“, поради одлуката на  Регулаторна комисија за енергетика – за зголемување на цените на нафтата и на бензините.

    „Ако се споредат одлуката на РКЕ од 3 август и одлуката од 26 јули, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар. На тоа се додава и 18 проценти данок на додадена вредност. Граѓаните и стопанството поради овој криминален потег на РКЕ, по налог на коалицијата СДСМ/ДУИ, ќе плаќаат поскапо дизел гориво. Шверцерска одлука со која се пљачкаат граѓаните и стопанството. Зошто ова се прави сега? Едноставно е – немаат пари за институционален поткуп, ги потрошија за скапи проекти со големи провизии“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    Според него, поткупот, како што вели, ќе оди на следниот начин: Прво ќе плаќате сите поскапо гориво поради поскапата акциза; Парите ќе завршат во буџетот, а потоа истите, преку Министерството за труд и социјала, заедно со кандидатите за градоначалници од власта, ќе ви поделат социјални пакети и патем ќе побараат поддршка за следните локални избори, вели Мицкоски.

    Во вторникот, РКЕ донесе одлука според која дизелот поскапе за 3,5 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар. Со тоа, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголеми за 3,36 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 63,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 75 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 37,981 денари.

    Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,549 отсто, а кај дизелот за околу 4,440 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ