вторник, мај 7, 2024
spot_img
Повеќе

    Рамадани од МЕПСО за Телма: МЕПСО за еден месец ќе плати 15 милиони евра поради недозволеното преземање од европската мрежа

    Директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани, во интервју за Телма вели дека енергетката криза во земјава е реалност, односно се троши двојно повеќе од што се произведува, а набавка од добавувачите нема поради поскапените цени на берзата.

    „Имаме недостаток на електрична енергија. Според првичните извештаи, во секој час колку се произведува електрична енергија, еве конкретно за 23 октомври ситуацијата е следна: произведени се 500 мегавати, а конзумацијата е 1 000 мегавати. Ако тука се додаде и увозот, ќе се добие дека 315 мегавати ни фалат во мрежата“ вели тој.

    Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

    „Преземаме струја од европската мрежа. Досега имаме 4 предупредувања за тоа преземање на струјата од седиштето во Швајцарија. Нивните анализи покажале дека нон стоп преземаме струја од мрежата што е недозволиво“, изјави Рамадани.

    Според пресметките за ваквите преземања МЕПСО треба да плати досега околу 10 милиони евра. Рамадани вели дека сметката ќе стаса околу 5-ти следниот месеци, и ако продолжи овој тренд до крајот на октомври, можно е таа сума да достигне и 15 милиони евра кои МЕПСО треба да ги плати околу средината на ноември само за еден месец.

    „Отстапувањата секојдневно растат. Оваа енергија треба да ја платиме. Ние од преносната тарифа имаме  вкупен годишен приход од  30 милиони евра, ова е голем удар врз ликвидноста на МЕПСО, тие средства апсолутно ги немаме на сметка за да ги исплатиме кон Европа“ вели директорот Рамадани, кој додава дека ситуацијата ќе стане полоша во земските месеци кога ќе се зголеми потрошувачката на струја и ќе треба да се презема уште поголемо количество на енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ