понеделник, јуни 14, 2021
spot_img
Повеќе

    Пуштен во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор „Битола 2“, се подготвува терен за далноводот кон Албанија

    Премиерот Зоран Заев во четврток го пушти во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторската станица „Битола 2“. Станува збор за сопствена инвестиција на АД МЕПСО во висина од 2,4 милиони евра.

    „Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот електроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој регион, за малите претпријатија како и за големите индустриски капацитети“, рече премиерот Зоран Заев.

    Тој подвлече дека задоволството е уште поголемо што континуирано се инвестира во енергетскиот сектор во земјава.

    „Од оваа трафостаница тргнува интерконективниот далекувод кој ја поврзува земјава со Грција, а токму тука, со проширување на последното поле во трафостаницата се подготвува теренот за изградба на интерконекцијата со Албанија, преку далекуводот Битола-Елбасан“, изјави Заев на денешниот настан на кој заедно со Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО ги истакнаа придобивките од инвестицијата за целиот електроенергетски систем.

    Министерот Бочварски рече дека инвестициите во електро преносниот систем што ги реализираме се само доказ на нашите стратешки одлуки во зајакнување на електро-енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.

    „Оваа инвестиција е од огромно значење не само за Битола и Пелагонискиот Регион, туку и за нас како држава и за цел енергетски сектор. Оттука испраќаме јасна порака до сите сегашни и идни инвеститори. Со модернизацијата на оваа Трафостаница, сега нудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, a тоа е одговор на нивните потреби”, изјави Бочварски и додаде дека вкупните инвестиции на АД МЕПСО надминуваат 100 милиони евра во сите сегменти од реконструкција и модернизација на трафостаниците до изградба на нови далекуводи.

    Директорот на АД МЕПСО, Рамадани истакна дека новиот 400/110 киловолтен трансформатор се поставува на местото на стариот кој беше во функција од далечната 1982 година.

    „Постапката за набавка на новиот трансформатор започна во 2019. Трансформаторот пристигна во февруари, стручните екипи на производителот го монтираа и тој досега беше во пробна работа. Овој 235 тонски електроенергетски елемент е произведен од Колектор-ЕТРА од Словенија“, рече Рамадани.

    Latest Posts

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја