сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    ППЦ заинтересирана за инвестиции во ОИЕ во Бугарија, Романија и Србија

    Грчката државна енергетска компанија ППЦ планира да ги направи своите следни големи инвестициски потези во соседните земји Бугарија, Романија и Србија, при што приоритет се проектите за соларна енергија и хидроенергија.

    Плановите за нови инсталации во ОИЕ во овие три земји  се зголемија во последните години и тој тренд се очекува да продолжи.

    ППЦ која нема преземено никакви инвестициски иницијативи во странство веќе неколку години, предвидува дека ќе биде подготвена да објави детали за големи проекти на соларни паркови во овие земји кон крајот на годината.

    Бугарија планира 2,64 GW во нови инсталации за ОИЕ до 2030 година, од кои 2,2 GW ќе се однесуваат на соларни паркови, според десетгодишниот климатски план на земјата.

    Во Романија планирано е до 2030 година инвестиции што достигнуваат 5,2 GW во ветерни електрани и приближно 5 GW во соларни паркови.

    Србија нуди најголемите можности за инвестирање во зелена енергија меѓу овие три земји. Нејзе ќе и бидат потребни меѓу 8 и 10 GW инвестиции во ОИЕ за да го замени производството на јаглен со капацитет од 4,4 GW до 2050 година. Првиот круг на аукции на ветер и соларни проекти се планира да се одржи во Србија до крајот на оваа година.

    Пред месец и половина, партнерството во кое беа вклучени ППЦ и меѓународниот изведувач Архиродон се пласираше во вториот круг од тендерот организиран во Северна Македонија за изградба и работа на хидроцентрала „Чебрен“ со буџет од 500 до 600 милиони евра и со капацитет помеѓу 333 и 458 MW.

    ППЦ ќе продолжи да го спроведува овој договор со Чебрен, но неговиот главен фокус ќе биде на Бугарија, Романија и Србија и нивните можности за проект за соларна енергија, информира грчкиот енергетски портал energypress.eu.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ