четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификуваа за втората фаза за ХЕЦ Чебрен

    Владата на Северна Македонија по синоќешната 53-та седница ја објави листата на конзорциумите кандидати за концесија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) кои ја поминаа првата фаза за евалуација.

    Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените 10 кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA – COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG – VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN – YAPI MERKEZI – Турција.

     

    Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ