сабота, февруари 4, 2023
spot_img
Повеќе

    Османи – Скрекас: Потребен заеднички пристап и широка соработка на земјите од регионот за справување со енергетската криза

    Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Атина, попладнево се сретна со грчкиот министер за животна средина и енергетика, Костас Скрекас при што главна тема на разговорите беше продлабочувањето на постоечката соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји.

    Како што соопшти МНР, посебен фокус бил ставен врз гасното поврзување, нашето вклучување во терминалот за течен гас Александропулос и диверзификацијата на снабдување со енергенси во контекст на актуелната криза. За да таквиот пристап биде успешен, беше нагласено во разговорите, потребен е заеднички пристап и широка соработка на земјите од регионот.

    -Енергетската безбедност станува многу важен елемент на безбедносната агенда, особено по руската агресија врз Украина. Во таа насока, за време на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, меѓу клучните прашања е и енергетската безбедност и безбедноста на храната и водата за што е потребна поддршка и силна заложба на земјите членки на организацијата со цел ефикасно справување со предизвиците со кои се соочуваме, истакна Османи.

    На средбата беа дискутирани и разменети мислења за мерките кои ги преземаат владите на национално ниво, со цел справување со енергетската и економска криза, наведуваат од МНР.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја