петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Опозицијата предлага намалување ДДВ за фактурирана електрична енергија на пет отсто

    Мицкоски оценува дека зголемувањето на цената на струјата би значело голем удар за стандардот на граѓаните и за економијата во земјата

     

    ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на ДДВ за фактурираната електрична енергија од 18 на 5 отсто. На таков начин, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе се избегне ризик од поскапување на струјата за 15 отсто.

    Мицкоски, на брифинг со новинари, оцени дека зголемувањето на цената на струјата би значело голем удар за стандардот на граѓаните и за економијата во земјата.

    Тој вели дека имаме најголема маржа за електрична енергија во висина од 11, 5 отсто, во споредба со европските земји.

    Мицкоски рече дека ќе почекаат Владаа да предложи намалување на ДДВ за фактурирана електрична енергија, а во спротивно предлогот ќе го поднесе до Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку Комисијата за финансирање и буџет.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ