среда, мај 1, 2024
spot_img
Повеќе

    Норвешка е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 2020 година

    Северна Македонија со 35,7% увоз е еден од поголемите увозници на електрична енергија

    Според енергетскиот портал www.enappsys.com, Норвешка ја престигна Франција и стана најголемиот нето-извозник на електрична енергија во Европа во втората половина на 2020 година. Вкупниот нето извоз на Норвешка изнесуваше 14TWh, при што најголемиот дел од струјата течеше кон Шведска (7,2 TWh) и Данска (4,9 TWh). Норвешките резерви на вода се зголемуваат стабилно во текот на втората половина на 2020 година, главно како резултат на комбинацијата на влажно време и ниската побарувачка и достигнаа нов врв за прв пат од 2015 година. Норвешките цени на електричната енергија останаа ниски, што ги направи атрактивни  за другите земји да ги задоволат своите побарувања за електрична енергија со земање на вишокот од Норвешка. Во текот на зимата, нуклеарното производство во Франција забележа ограничена достапност како резултат на одложеното одржување на електраната предизвикано од КОВИД-19. Ова имаше значително влијание врз моделот на трговија со енергија на Франција, бидејќи нуклеарното производство е најголем придонесувач во мешавината на гориво во земјата. Како резултат, Франција често се потпираше на увозот на енергија од нејзините соседни земји.

    Најголеми увозници се Литванија со 66% и Црна Гора со 56,8%. Северна Македонија со 35,7%, Естонија со 37,2% и Данска со 30,8% се следни на листата.

     

    Извор: https://www.enappsys.com/interconnectorreview/

    НАЈНОВИ ВЕСТИ