петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Корисниците на природен гас од 1 јануари ќе добиваат пониски сметки за 6,16%

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се намалува тарифата за преносна природен гас во просек за 6,16 %. Одлуката стапува на сила од 1 јануари 2021 година.
    „Бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од 1 јануари ќе бидат пониски. Клучните причини поради кои се намалува тарифата за пренос на природен гас се зголемените количини на природен гас кои ќе се пренесуваат следната година, како и влијанието на намалената увозна цена на природниот гас„ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. РКЕ еднаш во годината носи одлука за тарифата за пренос на природен гас.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ