петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Ќе има струја, ќе нема рестрикции – уверуваат Бектеши и Ковачевски

    Министерот за економија, сепак, предупредува дека претстои тешка зима на енергетски план, додека директорот на „Електрани“ вели дека ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 проценти

     

    Ќе нема рестрикции на струја, но зимата ќе биде тешка, не само за Северна Македонија, туку и за регионот и глобално, поради криза во енергетиката, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

    „Се прават сите подготовки, посебно од страна на ЕСМ, за да се зголеми производството и, согласно нивниот доставен план, веќе е зголемено производството. Во однос на цените најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. За граѓаните кои трошат просечно, согласно сите параметри и нивните потреби, можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако дека сите треба да бидеме свесни и посветени да се обидеме да заштедиме што повеќе елетрична енергија зашто ова не е криза само на Северна Македонија, ова е глобална криза“, рече Бектеши на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2022, што денеска се одржа во Охрид.

    Битиќи и Папандреу: Заеднички да се справуваме со причините за енергетската криза

    На истиот настан, директорот на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, рече дека ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 проценти. Тој  апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои, како што вели, даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста.

     

    „Треба да заземат став: дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме по пазарна цена, значи по 300e/MWh, и во 2022 да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150 проценти или треба да ја продава по 48e/MWh, а поскапувањето да биде минимално, седум до осум отсто, а државата да му помогне на ЕСМ со прераспределба на средства од буџетот, за да може да ги покрие трошоците за работа? Се создава конфузија, различни субјекти се обидуваа да најават големи поскапувања, а сега критикуваат што нема поскапување. Едноставно е неодговорно и несериозно да бидеме сведоци на тоа“, рече Ковачевски.

    И тој уверува дека не само што ќе има доволно струја, туку дека ќе го зголемат  произвотството на електрична енергија без да има какви било рестрикци.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ