среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    ЕСМ ги повикува институциите да се пријават за поевтина струја од 1 јануари

    Во услови на енергетска криза во европски рамки, но и пошироко, АД ЕСМ обезбеди снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустрија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата.

    Ова задолжение дадено со заклучок од Владата е исполнето навремено и во најкусо време, со цел наведените институции да можат да бидат снабдувани со поевтина енергија веќе од 1 декември. АД ЕСМ ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, истото да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од 1 јануари 2022г.

    Одлуката на Владата беше донесена за да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и одведување и пречистување на води, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата.

    На прес-конференцијата во Владата одржана во текот на вчерашниот ден, генералниот директор Васко Ковачевски изјави дека АД ЕСМ ги вложува сите напори, по задолженија од Владата, да ги менаџира и кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија.

    По задолжение до Владата АД ЕСМ го презеде парното греење во Скопје, дополнителното снабдување со електрична енергија, 100% испорака на електрична енергија кон ЕВН Хоум, наместо 60% како што е по законот, покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и на МЕПСО, работење на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ самоиницијативно се пријави за снабдување со поевтина електрична енергија итн.

    Влогот на АД ЕСМ и големиот ангажман на вработените, особено во термоелектраните, укажуваат дека успешно ќе се справиме со енергетската криза, без рестрикции и сериозни проблеми. Останува заедно да ја пребродиме оваа грејна сезона и да продолжиме со нови инвестиции како единствено издржано и долгорочно решение за справување со евентуални нови енергетски кризи, рече директорот Васко Ковачевски.

    АД Електрани на Северна Македонија

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја