среда, мај 8, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕДС го склучи првиот договор за откуп на електрична енергија индексиран кон МЕМО DAM

    Компанијата ЕДС го склучи првиот договор за откуп на енергија индексиран кон МЕМО DAM индексот на Македонската берза за електрична енергија.

    Македонската берза за електрична енергија од утре свечено почнува да функционира, а ЕДС АД ќе биде меѓу првите компании трговци со електрична енергија која што ќе обезбедува електрична енергија за своите клиенти преку неа.

    „Со ова се означува особено значаен момент за македонскиот пазар на електрична енергија, но и за ЕДС АД како компанија. Особено сме задоволни што го преземавме овој важен чекор и очекуваме преку интензивна работа да градиме плодна соработка со Македонската берза за електрична енергија и преку неа да обезбедуваме сигурно и исплатливо снабдување со електрична енергија за нашите клиенти“, велат од компанија.

    ЕДС (Energy Delivery Solutions) веќе 10 години успешно работи на македонскиот енергетски пазар.

    Преку деловната одлука на грчката национална енергетска компанија PPC SA (Public power corporations) стратешки да инвестира во Република Северна Македонија, ЕДС АД во 2018 година стана дел од корпорацијата која што важи за енергетски гигант во југоисточна Европа.

    Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат повеќе 550 правни субјекти. Компанијата и во наредниот период ќе продолжи со добрите деловни пракси во насока континуирано да го зголемува своето портфолио при тоа нудејќи им на своите клиенти најповолни понуди за снабдување со електрична енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ