недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Бугарија ќе испорачува струја за Северна Македонија

    Пренос на околу 200 мегават часови електрична енергија преку Бугарија, користење на тамошните капацитети за складирање течен гас, како и изградба на интерконектор за пренос на природен гас, беа главни теми на денешната средба попладнево во Софија на македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски и на бугарската на чело со претседателот на привремената бугарска Влада Галаб Донев.

    Клучно е да се дефининира цената по која ќе се набавува струјата од Бугарија а според премиерот Ковачевски ќе биде пониска од берзанската цена но во согласност со легислативите во Бугарија и Европската Унија.

    За таа цел уште неделава ќе се формира работна група составена од претставници на министерството за економија, ЕСМ и бизнис секторот и нивните колеги од Бугарија односно од министерството за енергетика и државната компанија за производството и дистрибуција на електрична енергија чија задача е да ја дефинираат цената во наредните 15 дена.

    „Прво се договоривме заедно со Република Бугарија да формираме веднаш во среда работна група составена од министерствата за економија на нашата држава, Министерството за енергетика на Бугарија, како и ЕСМ и другите компании во рамки на Бугарија каде што ќе се разговара за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија. Во однос на цените што ќе треба да бидат дефинирани согласно легислативата на Бугарија согласно со директивите и легислативата на ЕУ и согласно со легислативата на Северна Македонија. Исто така разговаравме и за количините што се потребни кај нас со оглед на тоа дека Бугарија е земја која е извозник на електрична енергија, благодарение на капацитетите коишто ги има особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа“, рече премиерот Ковачевски по средбата.

    Договор е постигнат и околу снабдувањето со гас. Бугарија ќе отстапи дел од своите капацитети за складирање на гас кои потоа би се испорачувале во Северна Македонија во зависност од потребите. Покрај тоа договорен е уште еден интерконектор.

    „Една од темите а тоа е преговорите кои се водеа денес во областа на енергетиката и многу брзо се одговоривме на апелот за помош од страна на Северна Македонија за решавање на главните предизвици што се јавуваат пред нив и кај нив во секторот за енергетика. Бугарија традиционално била и се уште е лидер на Балканот и дискутирани беа и конкретни можности за соработка и во областа на електроенергијата и преносот на гас и бидејќи Бугарија има големи капацитети како за потребите на економијата, така и индустријата на Северна Македонија“, рече бугарскиот премиер Донев.

    Донев најави дека доколку е потребно Бугарија ќе изгради дополнителни капацитети за складирање на природен или течен гас кои ќе и бидат ставени на располагање на Северна Македонија.

    Премиерот Ковачевски која ја предводеше делегацијата во која беа и шефот на дипломатијата Османи, министерот за економија Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на Стопанската комора Азески се сретнаа и со бугарскиот претседател Румен Радев, а на средбата исто така се дискутирало за енергетската криза и евентуалната помош од Бугарија.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ